Мартин Вучиќ ќе биде нов директор на Ансамблот „Танец“

Магистерот по музичка уметност, Мартин Вучиќ, кој во моментов е перкусионист во Македонската филхармонија, ќе биде новиот директор на националниот Ансамбл за песни и игри „Танец“, јавува порталот 7дена.мк.

Потписот врз неговата кандидатура е веќе ставен и најверојатно во понеделник и официјално ќе му биде прв работен ден.

Очигледно сите официјално знаат само јас не. Се додека тоа од Министерство за култура официјално не ми биде соопштено, за мене ќе биде вид на шпекулација. Да јас, како и многу други сум пријавен на конкурсот за нов директор, и сите веројатно го очекуваме официјалниот одговор од Министерство, вели Мартин.

Интересно е што двајцата дедовци на Мартин своевремени биле дел од овој Ансамбл. Пеце Атанасовски е еден од доајените на „Танец“, кој бил кореограф и играорец и Милорад Вучиќ, кој 15 години бил шеф на оркестарот на „Танец