Евтините увозни автомобили помагаат во намалување на загадувањето

Евтините стари увозни автомобили го подобрија возниот парк и ги заменија прастарите автомобили кои многу повеќе загадуваа, пренесува „Курир“.

Мерката на Владата за намалени давачки за увоз на половни автомобили со миминум стандард на моторот еко 2, значително придонесе и да се обнови возниот парк на граѓаните, но и да се намали емисијата на штетни гасови кои што ја правеа возилата кои беа стари и се употребуваа пред воведувањето на оваа мерка.

Станува збор за автомобили како „застава 101“, „фиќо“, „фиат 1300“, „пе-зе“, „варбург“, „трабант“ и слични автомобили од порано.

Имено, граѓаните преку владините мерки успеаа за поволни цени да набават подобри возила од типот на „опел“, „фиат пунто“, „форд“, „сеат“, „мерцедес“, „бмв“ и други кои имаат најмалку еко 2 стандард на моторот, а некои од нив и еко 3 и еко 4 стандард.

Овие возила со вакви мотори испуштаат во воздухот значително помалку штетни гасови од старите „фиќовци“, „фиати 1300“, „стоедени“ или „варбурзи“ кои од една страна трошеа многу повеке гориво, а од друга страна немаа никакви еколошки стандарди на моторите во однос на испуштањето на штетни гасови.