Министерот за надворешни работи Никола Димитров изрази со понеелникот во текот на неговото учество на панел дискусијата „Евроатлантска иднина за Македонија“ убеденост дека референдумот на 30-ти септември ќе биде успеш .
Димитров во изјава за медиумите посочи дека Македонија секогаш кога има крупна историска раскрсница избира мудро.
„Референдумот е политичка легитимација на правецот по кој ние мислиме дека треба да одиме“, рече Димитров и додаде дека главна тема овие денови секако се европските и евроатлантските интеграции.
„Решивме искрено, храбро и отворено да им погледнеме во очи на проблемите. Успеавме да затвориме еден спор што децении не влече назад и да ги отвориме вратите кон иднината, се работи за нашата стабилност и безбедност, се работи за нашата финансиска благосотојба, и се работи за најдобрата алатка што постои, а тоа се пристапните преговори со ЕУ“, посочи министерот за надворешни работи.
Решението е тука, сите ние како граѓани треба да одлучиме дали ќе одиме напред кон иднина и интеграции, или ќе одиме назад кон изолација, изјави Димитров и додаде дека друга алтернатива за патот напред нема.
Во однос на договорот со Грција, Димиторв вели дека смета дека е многу важно што во овој компромис успеавме да ги зачуваме идентитетот и идентитеските прашања, и додаде дека додека ние чекавме светот не чекаше, не чекаше ниту ЕУ патот станал, вели Димитров многу по стрмен.