Разбојник со пиштол ограбил обложувачница, вчера во Скопје, информираше МВР.
Според полицијата, разбојништвото се случило околу 13 часот во спортска обложувачница на улицата Маџари.
Тогаш разбојникот со закана со пиштол од вработената зел околу 310.000 денари од дневниот пазар.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.