(Видео) Во Ирското Море пуштена во погон најголемата фарма на ветер во светот

Во Ирското Море официјално започна со работа фармата на ветер Walney Extension, која зафаќа површина со големина од 20.000 фудбалски игралишта, по должината на брегот на Камбрија, пишува „Гардијан“. Тоа е најголемата светска фарма на ветер на море, со капацитет од 659 мегавати, што е доволно за снабдување на 590.000 домаќинства.
Самиот проект е извонредно значаен поради тоа што покажува голем напредок во развојот на технологијата на ветерот во текот на изминатите пет години, откако заврши последниот најголем проект London Array. За разлика од него, Walney Extension користи помалку турбини на ветер, но капацитетите се посилни.

Министерот за енергија, Клер Пери рече дека овој проект ќе и помогне на Велика Британија, која е број еден во светот по бројот на инсталирани постројки на море, во консолидацијата на своето водство и да создаде огромен број на квалитетни работни места.

Наскоро ќе никне уште една голема електрана вна истокот од Британија, East Anglia One, која е поголемаод Walney Extension со 714 мегавати електрична енергија, чие отворање е планирано за 2020 година.