Австралиец добива закани од САД поради карикатура на Серена

Австралискиот карикатурист, Марк Најт добива смртни закани и го обвинуваат за расизам поради карикатура на која е прикажана Серена Вилијамс и сцена од контроверзното финале на УС Опен.

Испадот на Американката во финалето против Јапонката Наоми Осака предизвика вистинска полемика во САД, каде јавноста главна застана зад Вилијамс, а против судијата, со кого тенисерката се расправаше.

На карикатурата Серена е претставена како огромна жена пет пати поголема од Осака и и скока врз рекетот, додека судијата ја моли Јапонката „Можел ли само да ѝ дозволиш да победи?”

Многумина на карикатурата гледаат како расистичка и сексистичка, а некои отидоа толку далеку што му се закануваат на авторот со смрт.

Австралискиот портал News.com.au ја информираше јавноста за овие закани, додека весникот „Хералд“ за кој работи  Најт, застана во одбрана на карикатуристот истакнувајќи дека самиот цртеж нема апсолутно никаква врска со сексот и расата на оние кои се нацртани.

 Акцентот беше ставен на мизерното однесување на Серена во финалето. Големата шампион имаше огромен испад пред јавноста и карикатурата тоа го прикажува, велат од „Хералд“.