Европа е на Европејците, бегалците треба да се вратат и да ја изградат својата земја

Tибетскиот духовен лидер, Далај Лама изјави дека Европа има морална одговорност да им помогне на оние кои ги напуштат своите земји и на кои навистина им се заканува опасност по животот, но на крајот, бегалците треба „повторно да ја изградат својата земја“.

Европа им припаѓа на Европејците , рече човекот кој е обожуван од милиони будисти ширум светот и кои многумина го споредуваат со Махатма Ганди и Мартин Лутер Кинг.

Своето мислење за еден од клучните политички и хуманитарни проблеми на денешницата Далај Лама ги даде во средата, говорејќи на конференцијата организирана во шведскиот град Малме, каде што има голем број на мигранти.

Духовниот водач на будистите, кој ена возраст од 83 години, живее во избеглиштво од 1959 година, кога избегал пред кинеската армија од  Тибет во Индија , каде што добил политички азил. Така тој успеа да го спаси својот живот додека Кинезите го гушеа тибетското востание.

Тибетски лауреат на Нобеловата награда за мир во 1989 година слично ја коментираше бегалската криза во Германија во 2016 година, кога за германските медиуми изјави дека „Европа, на пример Германија, не може да стане арапска земја”, и дека од  морална „гледна точка“ смета дека бегалците треба да се примаат само привремено.