Русија и САД сакаат да соработуваат во сферата на енергијата

Американскиот секретар за енергетика Рик Пери и рускиот министер за енергетика Александар Новак

Рускиот министер за енергетика Алескандар Нова и неговиот американски колега Рик Пери изразија во четвртокот подготвеност за поцврста соработка за да се гарантира енергетска сигурноста во светот, во текот на нивната средба во Москва.

„Руско-американските односни во моментов не се најдобри, но нашите земји се најголемите енергетски сили коишто ја гарантираат сигурноста во светот и само со заеднички напори можеме да одговориме на сé поголемите енергетски потреби во светот“, изјави рускиот минситер за енергетика Александр Новак, пренесуваа агенциите.

„За светот е многу важно да соработиваме како велесили“, додаде американскиот секретар за енергетика Рик Пери, во текот на една од ретките посети на некој американски министер на Москва последните години.

Пери, сепак, ја повика Русија да „заземе поодговорен став, да биде одговорен снабдувач со енергијата и да не дозволи енергетските ресурси да влијаат на политиката“.

„Задоволен сум што и двајцата се согласуваме во тоа дека енергијата не смее да биде алатка за притисок и дека потрошувачот мора да има право да одлучува од кој извор ќе се снабдува“, возврати Новак.

Според нагаѓањата во западните медиуми, изгледа дека Новак и Пери, алудирале на спорот меѓу двете земји поради проектот Северен тек 2 кој низ неколку нордиски земји членки на ЕУ треба да го удвои извозот на руски гас во Германија. Овој гасовод предизвикува стравување кај централноеврпските членки на ЕУ дека ќе плаќаат поскап гас, а гасоводот го критикуваше повеќепати и американскиот претседател Доналд Трамп. Како што неодамна изави рускиот министер за надворшни работи Сергеј Лавров, притисокот на САД врз неговите европски сојузници во врска со Северен тек 2 е обидот да создаде простор за продажба на американскиот течен гас, но кој во моментов е многу поскап од рускиот, во прв ред и поради начинот на испораки и неопходната инфраструктура која допрва треба да се гради во Европа.

САД може да водведат санкции против рускиот извозен проект Северен тек 2, предупреди Пери. „Ние сме против Северен тек 2, чијашто реализација би можело да доведе до тоа две третини од увозот (во Европа) да го преземе рускиот гас. Ова ќе создаде ранливост. Тоа ќе биде тесно грло, доколку нешто тргне наопаку“, образложи Пери.

На брифингот по состанокот, американскиот министер ја потврди можноста од нови санкции против проектот за гасоводот, и воопшто против рускиот енергетски сектор. „Мојот одговор е – да и на првиот дел од прашањето и на вториот“, одговрајќи на прашањето дали е реално да се очекуваат санкции против гасоводот и севкупниот руски енергетски сектор.

САД се на ставот дека проектот Северен тек 2 ја нарушува конкуренцијата на европскиот пазар, додаде Пери и како пример истакна дека Вашингтон го поддржува градењето на другиот гасовод од кој природниот гас од азарбејџанското гасно поле Шах Дениз ќе се доставува во Европа.

Пери, исто така, ја повика Русија да „преземе позиција на одговорен производител“ и да не дозволи „достапноста на енергетските ресурси да има силно влијание на нафтениот и гасниот пазар“.

Новак, напротив, по ова оцени дека главен исход од разговорите е можноста за соработка го сферата на енергетиката и ги повика САД на заеднички инвестици во технологиите и енергетската ефикасноста со учество на Рускиот фонд за директни инвестиции. Додаде и оти смета дека соработката во овој сектор е важна за економиите на двете земји и оти и натаму ќе го одржуваат дијалогот и директниот контакт.

„Да, имаме несогласување. Но дијалогот е многу и многу важен за двете земји, особено имајќи предвид дека сме лидери во производството на гас. Јас сум оптимист, дека нашиот дијалог ќе биде продуктивен“, изјави рускиот министер Новак.

Одговарајќи на заканата со санкции, Новак рече дека таквите изјави „предизвикуваат загриженост“. Притоа истакна дека Русија е апсолутно уверена во својата конкурентност за испораките на гас во Европа.

„Ние не стравуваме од конкуренцијата со течниот гас (LNG) од САД и ние не преземаме никакви мерки за да осигуриме дека овој гас нема да се испорачува во Европа“, му возврати Новак на американскиот колега.

Пери рече и дека САД сакаат да соработуваат со Русија на полето на нуклеарната енергија, за да биде сигурен во незијната „морнодопска“ примена. Но факт е дека во неговата земја долги години нема изградено нуклеарен реактор, па американските компании и немаат такви референци. Новак, притоа, го покани американскиот колега на енергетскиот форум кој од почетокот на октомври ќе се одржи, исто така, во Москва.

По средбата Пери на Twitter објави дека средбата со Новак била проуктивна и најави дека „со нетрпение“ го очекува продолжението на дијалогот „во рамките на сегашните ограничување во нашите билатерални односи“. Во писмената изјава на министерството за енергија на САД за исходот на разговорите во Москва се истакнува, пак, дека Пери изразил „разочарување и загриженст поради постојаните обиди на Русија да се инфилтрира во американската енергетска мрежа“, а исто така потцертал дека двете земји „имаат заедничка одговорност за зајакнување на меѓународната енергетска безбедност и глобалната стабилност.