Пожари и експлозии ја тресат околината на Бостон

Серија експлозиии и пожари затресоа во четвртокот повече десетоци станбени населби зафаќајќи неколку градови северно од Бостонк а голем број луѓе се евакуирани поради присуство на мирис на гас,, соопшти полицијата на американската сојузна држава Масачисетс.

Во моментов регистрирани се 39 експлозии и пожари во приватни домoви, а околу 40 домови се оштетени во екслозија на гас за домаќинствата, објави полицијата на Twitter додавајќи дека „овие бројки растат“.

Се претпоставува дека прилината за катастрофата се проблеми на мрежата на гасната компанија „ Columbia Gas“, која е филијала на компанијата „NiSource“. Сите жители на градовите Лоренс, Метуен, Андовер и Северен Андовер, кои добиваат гас од споменатата компанија се повикани да ги напуштат своите домови.

„Компанијата ги намалува притисокот во гасоводот, но ќе биде потребно уште време“, предупредува полицијата. Во соопштението се тврди дека е прерано за какви и да се шпекулации за можната причина за пожарите и експлозиите, но локалните медиуми пренесуваат дека веројатно станува збор за напукнувања на гасоводот поради преголема компресија.

Засега нема официјални известувања за повредени, но весникот Eagle Tribune во своето електронско изание објави дека во екслозијата во една куќа во Лоренс во окoлината на Бостон има повредени. Според агенцијата Associated Press, во екслозиите и пожарите во Лоренс и соединетиот со него Андовер настрадале четири лица

Истрага започнало и Федералното биро за истраги (FBI), кое соопшти дека во координација со полицијата спроведува прецена на ситуацијата.