Затворската полиција не ја добила целата плата

На вработените во затворската полиција дрско, неосновано и од непознати причини  со последната исплата на плата не им е исплатена целосно платата која им следува, информираат од Независниот синдикат на затворската полиција и администрација.

Обидот ова прашање да го решиме институционално во изминатиот период од неколку дена после добивањето на плата беше неуспешен и немаме никаков одговор од страна на надлежните. Затоа утре пред влезот на КПУ „Идризово“ во 13 часот ќе одржиме прес конференција. Тогаш документирано ќе ја запознаеме јавноста и отворено ќе го повикаме директорот, во краен случај и медиумски да ни одговори каде се нашите 5 проценти-пари кои не ни се исплатени и сме оштетени. Детали и дополнителни информации со кои располагаме ќе бидат изнесени на пресконференцијата, велат од синдикатот.