Најмалку пет жртви меѓу кои мајка со нејзиното новороденче е досегашниот биланс на пустошењето на ураганот ,,Флоренс” на источниот брег на САД. Ураганот ја опустоши Северна Каролина , а сега беснее низ државата Јужна Каролина. Меѓу настраданите има и мајка со новороденче , кои загинале кога дрво паднало врз нивната куќа . Метеоролозите предупредуваат дека опасноста допрва доаѓа.
Ураганот „Флоренс“ чиј што пречник изнесува околу 400 километри, пристигна на бреговите на Соединетите Американски Држави во текот на вчерашниот ден на подрачје населено од околу 11 милиони жители.