Во вторникот руската Дума го усвои предлог законот со кој се предвидува парична казна за оној кој ќе употреби пцовка.
Казната ќе изнесува од 56 до 70 долари, за официјални лица од 112 до 140 долари, а за правни лица од 1.120 до 1.400 долари.
Нацрт законот предвидува парични казни за користење непристојни зборови во книжевните и уметничките дела.
Исто така, со него се забранува и употреба на „пресилен“ јазик во филмовите во кината, театарските претстави и другите јавни манифестации во кои може да се користи само книжевниот руски јазик.
Законот ги опфаќа и печатените и електронските медиуми, кои не смеат да употребуваат „одредени фрази поврзани со машките и женските гениталии“.