ЕК ја предаде Полска на Европскиот суд за правда

Европската комисија одлучи да ја предаде Полска на Европскиот суд на правдата заради судска реформа на Врховниот суд. Оваа одлука на ЕК е трет чекор во долготрајниот процес на осудување на земјите-членки кои го кршат законот на ЕУ.

ЕК, исто така, одлучи да испрати второ правно предупредување до Велика Британија  да компензира 2,7 милијарди евра поради увозна измама, објави неименуван официјален претставник на ЕУ.

Одлуката на ЕК веќе е донесена, но нејзиното објавување беше одложено за понеделник 24 септември, со цел да се избегне вмешување во неформалниот самит на европските лидери што се одржа оваа недела во Австрија, рече неименуван претставник на ЕУ.