Моторџија загина, а пешак бил тешко повреден вчера во Охрид, инфомираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќата се случила околу 18.30 часот на крстосницата од улиците Абаз Емин и Железничка. Тогаш моторцикл „јамаха“ со битолски регистерски таблици, управуван од С.И. (36) од Охрид, удрил во сограѓанинот Р.С. (52), а потоа и во автомобил „фолксваген пасат“ што го управувал Ф.Б. (58), исто така од Охрид.
Во незгодата на самото место починал С.И., а Р.С. со тешки повреди бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.