Грција со дронови против оние што не плаќаат данок

Грчките власти соопштија дека за прв пат почнале да користат беспилотни летала за да ги откриваат оние што затајуваат данок кога со бродчиња, без да им издаваат сметки, водат туристи во разгледување на подводниот вулкански кратер на островот Санторини на Егејско море.

Управата за јавни приходи соопшти дека во минатата недела беспилотните летала следеле неколку бродчиња и оти било утврдено дека со неиздавање сметки бил затаен данок во вредност од 25 илјади евра. Според податоците на Народната банка на Грција која го следи туристичкиот промет, Грција лани ја посетиле над 27 милиони туристи, скоро 10 насто повеќе од претходната година.