Приватна агенција за обезбедување ќе ја чува Владата за три милиона евра

Агенцијата за обезбедување НИКОБ била најповолен понудувач на три милионскиот тендер на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија за физичко обезбедување на повеќе од 30 државни објекти во наредните три години, стои на веб страницата за јавни набавки, објавено на почетокот од седмицата.

Од трите фирми кои се пријавиле, две биле одбиени и НИКОБ останала единствен наддавач на електронската аукција, па така Владата предводена од СДСМ, којашто во минатото постојано знаеше да обвинува дека властите на ВМРО-ДПМНЕ правеле своите „приватни“ компании за обезбедување.

Компанија НИКОБ ДОО ќе ги обезбедува органите на државната управа за вкупно 3,07 милиони евра,  ја доби оваа услуга на тендер, а договорот го склучува Службата за општи и заеднички работи на Владата. Двете страни го склучија договорот на 2-ри октомври. Услугата што НИКОБ ќе ја дава опфаќа физичко обезбедување, односно физичка заштита на имотот на државните органи во нивните објекти, заштита од пристап на неповикани лица и други форми на штетни дејствија како и заштита и обезбедување на личната сигурност на лицата кои работат во објектите на државната управа. Услугата на НИКОБ опфаќа и надзор врз видео камерите во објектите и одржување на редот во просторот што се обезбедува.

Од презентираните податоци видливо е дека биле дадени три понуди, од коишто најниската била за 8.500 евра пониска од највисоката понуда и изнесувала 2,61 милиони евра (без ДДВ). Избрана е агенцијата НИКОБ, којашто во следните за три години, колку што е важноста на тендерот, годишно ќе добива по речиси милион евра од Владата односно од Службата за општи и заеднички работи.

Една од агенциите поднеле жалба на тендерската документација со образложение дека условите и критериумите се спротивни на Законот за јавни набавки, водат кон дискриминација и ограничување на конкуренцијата, односно дека се фаворизираат конкретни фирми. Како што се дознава, постојат многу забелешки за овој тендер, меѓу која е и дека СОЗР не смеела да постави како критериум фирмите да имаат минимален годишен приход кој двојно ја надминува вредноста на тендерот. Сепак, наддавањето продолжило без да се запре постапката и да се чека да одлучи Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Целиот назив на НИКОБ, всушност е „Национална агенција за обезбедување на лица и имот“, од каде и произлегува акронимот, а чиј основач и сопственик, македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, е на чело на Македонско-бугарската стопанска комора во следните две години. Покрај тоа, оваа компанија, којашто од самото нејзино основање важи во јавноста за блиска до СДСМ, е познато и дека била повеќекратно евидентиран должник во минатата 2017 година по основ на неплатени даноци кон државата, што во еден период достигнувал износ од вкупно долг по основ на данок на добивка, ДДВ и персонален данок од 47.127,512,00 денари.

Симптоматично, исто така, е и што НИКОБ во април оваа 2018 година веќе имаше објавено оглас за ангажирање на нови 500 работници. Симптоматично е тоа што откако претходно во февруари годинава агенцијата го добива тендерот за 24-часовно обезбедување на скопската општина Ѓорче Петров за околу 140 илајди евра, речиси половина година подоцна, во септември, е избрана, најверојатно, како најдобар понудувач и за услугите во Град Скопје, во износ од 125 илјади..

Се поставува прашањето зошто Владата на СДСМ, покрај постоење цела управа при Министерството за внатрешни работи задолжена за заштита на лица и објекти, се одлучува да ангажира приватна агенција за обезбедување. Но кога веќе, како што пишуваше НетПрес, надвор од прописите и законите, СДСМ во Струмица си формира приватна агенција составена од лица вработени во полицијата но и осудени, воопшто не изненадува ваквиот потег со кој

Изминатата седмица беа избрани и најповолни понудувачи на тендерите за хигиена и за тековно одржување на државни објекти за наредните три години. За хигиената е избрана „Серта”, а за одржувањето „Бапал Благој”, а проценетата вредност на овој тендер беше вкупно 6,3 милиони евра. „Триста груп” пак беше избрана како најповолен понудувач за хортикултурно одржување, со набавка проценета на 660.ооо евра.