Ирецот Конрад Мекгрегор се обиде со нога да го удри Хабиб Нурмагомедов на официјалното мерење пред утрешниот меч во Лас Вегас.
Во преполната арена „Т-Мобиле“ пред 20.000 гледачи Мекгрегор во својот стил ја подигна публиката на нозе, додека самоуверениот Рус ја заврши работата без збор, а потоа застана пред неговиот противкандидат. Театаралниот Ирец вербално почна да го провоцира противникот, а во еден момент дури и се обиде да го удри со нога.
Според вагата, Нурмагомедов има точно 70 килограми, а Мекгрегор 69,80.
Последната УФЦ борба Ирецот ја имаше во ноември 2016 година кога го победи Еди Алварез и ги обедини титулите во лесна и перолесна категоријата. Поради неактивност му беа одземени двете титули, а Русинот сега е шампион со 26 победи по ред, најдолгата серија во историјата на ММА.
Мекгрегор и Нурмагомедов треба да влезат во октагон утре околу 6 часот.