Турција отвори истрага за исчезнат саудиски новинар

Турските иследни органи покренаа истрага за исчезнувањето на познатиот саудиски новинар Џамал Кашоги (Хашкаџи , кој исчезнал пред четири дена откако влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, објави во саботата приватната телевизија NTV.

Саудискиот принц Мохамед бин Салман во петокот изјави дека саудиските власти ќе ѝ дозволат на Турција да ја пребара зградата на конзулатот во Истанбул, откако турските и саудиските власт излегоа во јавноста со спротиставени изјави за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги. Принцот Салман за агенцијата Bloomberg во петокот изјави дека турските власти можат без никаков проблем да ја пребараат зградата.

„Тоа е наша суверена територија, но ќе им дозволиме да дојдат, да извршат пребараување и сето она што сакаат да го направат. Доколку побараат, секако, дека ќе им го дозволим тоа. Немаме што да криеме“, рече принцот.

Запрашан дали Кашоги е обвинет за нешто во Саудиска Арабија, престолонаследникот на сунитската монархија која ја исповеда вехабитска форма на исламот рече дека неговата држава во прв ред сака да утврди каде новинарот се наоѓа.

Кашоги влегол во конзулатот во четвртокот. Анкара тврди дека нема докази дека излегол од дипломатското претставништво на неговата земја, додека Ријад вели дека го напуштил истиот ден. Мистеријата се разгоре откако Турција повторно тврдеше дека тој не излегол од зградата, а Саудиска Арабија истовремено остана доследна во своите тврдења дека познатиот новинар, кој е критичен кон саудиските власти, ја напуштил зградата и дури потоа исчезнал.

Неговата вереница пристигнала заедно со него, меѓутоа морала да чека надвор од зградата на конзулатот и не го видела како ја напушта, иако чекала десетина часови, до полноќ во четвртокот.

Турските власти, исто така, објавија дека сметаат оти Кашоги е се’ уште во конзулатот, а медиумите пренесуваат повикувајќи се на полициски извори, дека на снимките од надзорните камери на турската полицијата, во ниеден момент не се гледа дека новинарот го напуштил објектот. Турското министерство за надворешни работи ги повика саудискиот амбасадор и „побара објаснување“ во врска со исчезнувањето на новинарот.

И американскот министерство за надворешни работи побара информации за Кашоги и изрази загриженост за неговата безбедност. Имено, 59-годишниот новинар од минатата 2017 година живее во егзил во САД, а Саудиска Арабија ја напушти по серијата критички текстовои на сметка на принцот бин Салман.

Кашоги е еден од најпознатите критичари на саудискиот принц кој ги покрена реформите кои ги поздравуваат САД и Западот, меѓутоа започна и пресметки со дел од монархијата, саудиски бизнисмени и особено со дисидентите во којашто се уапсени, многу активисти, интелектуалци и верски лица, пособено од шиитската заедници. Тие, исто така, ја критикуваа и војната во соседен Јемен, во која Саудиска Арабија ја предводи коалицијата на сунитските земји којашто се бори против побунетото шиитско племе Хуси и одментатите војници на претходниот претседател.

Како поранешен уредник на влијателниот весник al-Watan и на истоимениот телевизиски канал, Кашоги со години се сметаше за близок на саудиското кралско семејство и своевремено беше советник на повеќе високи функционери. Но по апсењата не неколку негови пријатели, откажана му е колумната во весникот al-Hayat и наводно е предупреден да престане да користи Twitter. Кашоги ја напушти Саудиска Арабија и замина во САД каде што објавуваше написи во The Washington Post и се појавуваше на арапските телевизиски канали во западните земји.

„Го напуштив својот дом, семејството и работата, но не престанав да говорам. Во спротивно, би ги предал оние коишто лежат во затвор. Јас барем можам да зборувам, додека многу од нив не можат“, напиша во септември 2017 година.