Учениците од „НОВА“, заедно со своите родители и професори организираа хуманитарен настан за домот на доенчиња во Битола.
Оваа година средстватa, наменети за најранливите припадници на општеството, се собираа со продажба на уникатни сувенири и традиционални дела и јадења од повеќе од 10-тина земји од каде што потекнуваат учениците на „НОВА“, како и книги од различна област на англиски јазик по многу пристапни цени. За време на настанот се организираше и лотарија со голем број на награди донирани од спонзорите на настанот, како и детско катче, каде учениците на “Нова” се претставија со свои музички и танцови точки.
Минатата година во рамките на истиот настан, беа собрани приближно 5,000 евра кои беа донирани за изградба на Детскиот ургентен центар на Универзитетската Клиника за детски болести во Скопје, за две невладини организации поддржани од Ученичкиот совет на “Нова” и за библиотечниот фонд на училиштето.