Притвор за дилер на хашиш

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истрага против дилер на хашиш од Скопје.

Отворена е постапка против едно лице за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 1 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено затоа што на 17.10.2018 година, при извршен претрес во неговиот дом во Скопје, била пронајдена наркотична дрога хашиш во вкупна нето маса од 447,2 грама, наркотична дрога марихуана во нето маса од 49,92 грама, како и една дигитална вага со остатоци од наркотична дрога, велат од ОЈО.

На предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.