
Брисел и Вашингтон многу добро ја знаат прозападната ориентација на опозицијата, но исто така знаат и дека местените тенери за братот на премиерот Зоран Заев не претставуваат западни вредности за коишто само декларативно се залагаа, рече во средата потпретседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Александр Николоски, кој гостуваше емисијата „Отворено студио“ на Телевизија 1,
Николоски забележа дека СДСМ не ги промовира овие прозападни вредности за кои декларативно се залага, притоа споменувајќи ги наместени тендери, бизниси за членови на семејството и братот на премиерот, којшто, како што оцени, станува „главен бизнис фактор“ во државата.
„И во Брисел и во Вашингтон, многу добро знаат која е ориентацијата на ВМРО-ДПМНЕ и дека таа е прозападна, про-НАТО и про-ЕУ. Всушност ние сме и првата партија којашто тоа го промовирала. Во исто време многу добро знаат дека про западни и про НАТО и ЕУ вредности не се наместени тендери, бизниси за членови на семејството и братот на премиерот кој станува главен бизнис фактор во државата. Тоа се далеку од едни европски и западни вредности. Во исто време единственото несогласување кое што го имаме е по однос на промената на Уставот со цел на уставното име и обидот на Владата да спинува дека ВМРО-ДПМНЕ е против НАТО и ЕУ, а во исто време да си ја покрива својата неспособност и апсолутно катастрофално владеење, особено во областа на владеењето на правото и економијата, не поминуваат“, рече Николоски.