Сојузните американски власти уапсиле во петокот лице за коешто се сомневаат дека е поврзано со испраќањето на палетите со експлозивни направи на адресите на водечките демократски политичари, соопштија властите.
Министерството за правда на САД објави дека лицето е уапсено на подрачјето на Мајами, и дека истрагата се концетрирала на јужна Флорида по отирквањето на низата пакети со експлозивни направи од кои нема повредени.
Конференцијата за медиумите е најавена за петокот попладнето по локално време, или 20,30 часот по средноевропско време, изјави портпаролката на министерството за правда.
Повикувајќи се на неуименувани извори, телвизиската мрежа MSNBC наведува дека е уапсен маж во педесеттите години од животот, додека телевизијата CNN пренесе дека е уапсен во Плантејшн, гратче бо влизина на Горд Лодердејл, во американсклата сојузна држава Флорида.
Никој омби засега не ја презема одговорноста за испраќањетпо на пакетите-бомби што се случи на помалку од две седмици од одржувањето на изборит за американскиот Конгрес на половината од претседателскиот мандат, во случајов на републиканецот Доналд Трамп. Властете ја водат истрагата како терористички чин.
Полицијата во петокот пронајде уште два сомнителни пакета. Едниот бил адресиран на американскиот сенатор Кори Букер, а другиот, инаку дванаесетти по ред, бил испратен на поранешниот директор на нациоанлните разузнавачки агенции Џејмс Клапе. Неолибералните медиуми пишуваат дека сите лица на кои им биле испратени овие пакети биле на удар на критиките на десницата
од поранешните претседатели од Деморкатската партија Барак Обама и Бил Клинтон чијашто сопруга Хилари Клинтон беше неуспешен претседателски кандидат на изборите во 2016 година, како и на новниот голем донатор, берзански шпекулант и милијардер Џорџ Сорос.
Сомнителен пакет бил испратен и во њујоршката редакција на телевизијата CNN адресиран на поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (CIA), Џон Бренан, потоа на демократската пратеничка Максин Ботерс, на поранешниот државен обвинител од времето на администрацијата на Обама, Ерик Холден, но неговиот пакет бил испратени на погрешна адреса.
Повратната адреса на паклетите била адресата на канцеларијата на претеничката на демократите Деби Васерман Шулц на Флорида, поранешна претседателка на Националниот комитет на Демократската партија. Таа си поднесе оставка пред претседателските избори во 2016-та кога во јавноста протекоа непријатените преписки на челнциите на партијата во коишто се даваа насоки како да се омаловажи и да се саботира внатрепариската кампања на сентаторо Боб Сандер во полза на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
Истрагата смета дека експлозивните направи се изработени според упатствата коишто се лесно достапни на интернет, рекол за агенцијата Reuters извори од Федералното биро за истраг (FBI).
„Сметаме дека се вистински експлозивни направи, а не лажни“, изјавил началникот на полицијата на Њујорк, Џејмс О’Нили, каде што се отркиени два пакета. Иследниците не сакале да кажат дали направите биле функционални. Пиротехничари и безбедносни експерти рекле дека врз основа на нивниот едноставен дизајн, се чини веројатно дека целта била самно да се предизвика страв, но не и да се убие.
Противниците на Трамп го обвинуваат него, односно, како што ја оценуваат неговата запаллива реторика против демократите, и на медиумите што придонесува за атмосферата која е погодна за политички мотивирано насилство. Трамп во четвртокот, исто така, се наврти на медиумите, коишто споредн неговите тврдења, поттикнуваат на омраза. Неговите првиврзаници ги обвинуваат демократите дека неправедни го обвинуваат претседателот оти е виновен за сите работи.