Хеликоптерот на сопственикот на Лестер се урна крај стадионот

Хеликоптерот на сопственикот на англискиот премиерлигаш Лестер, Вишај Шриваданапрабхи се урна во паркот во близна на паркингот крај стадионот, пренесе Sky Sports.

Инцдентот се случи по натпреварот од десеттото коло против Вест Хем кој заврши со реми (1:1). Кусо време по полетувањето, пилотите загубиле контрола над леталот, по што хелипотерот паднал на земјата. Телевизијата известува дека  Вишај Шриваданапрабха го напуштил стадионот со хеликоптерот кој полетал од центарот на игралиштето.

Леталото со коешто талјандскиот милијардер секогаш доаѓаше и заминуваше од натпреварите на својот клуб брзо исчезнал во пламенот. Наводно хеликоптерот без проблеми полетал од теренот и на почетокот летал над него, пред да падне и да се запали. Очевидци изјавиле дека забележале проблеми со задниот ротор на хеликоптерот и оти леталото во миг пламнало, пишува Daily Mail.

Засега нема официјално потврдени информации за жртви во несреќата. Исто така, не е познато со сигурност дали во леталото бил Шриваданапрабха или членови на неговото семејство. Според извори на Sky потпретседателот на Лестер, Аијават Шриваданапрабха и спортскиот директор Лестер, Џон Рудкин, не биле меѓу патниците.

Според новинарот на The Sun, Максвел Џонсон, „сопственикот на Лестер, спортскиот директор и пилотот се прогласени за мртви, а причини се изгореници од тет степен“ Во овие моменти известени се членовите на семејствата….“.

Шриваданапрабха е основач и извршен директор на компанијата „King Power Duty Free“, синџир од безцарински продавници. Во 201о година стана сопственик на Лестер, а претседател на клубот во февруари следната година.

Пет години подоцна, во сезоната 2015/2016 Лестер, на големо изненадување на спортската јавност, стана првпат и досега единствен пат во историјата, првак на најлетното англиско натпреварување.