Ракометната репрезентација на Македонија доживеа неочекуван пораз во рамките на квалификациите за Европското првенство и на гостувањето во Кожани загуби од домаќинот Грција со 26:28.
Иако се очекуваше лесна победа над ракометниот аутсејадер, македондските ракометари дозволија да бидат поразени иако голманот Никола Митревски имаше над 12 одбрани.
Почетокот на натпреварот навестуваше убедлива победа на Македонија затоа што во воведните минути имаше предност од четири гола (5:1). Но грешките во нападите ги вратија Грците во игра на мечот, и кон средината на првиот дел изедначија на 8:8, а оттогаш до крајот се играше максимално изедначено. На полувремето Македонија поради гол на Талески со звукот на сирената имаше позитива од еден гол (13:12).
Во 45.минута Македонија уште имаше предност, но минимална од 20:19. Во 50 минута од мечот, Грција првпат поведе по почетната предност од 1:0 со 23:22, но веќе во 54 минута имаше два гола предност (25:23). По двата не реализирани напада на двете страни
Никола Маркоски реализира за 24:25, Митревски одбрани, но Прибак згреши, а Цирас од пенал ја запечати победата на Грција.
Македонија во наредното коло од квалификациите за ЕП 2020 кое се игра во април ќе гостува во Рејкјавик кај Исланд. За Грците ова беше прва победа.