На референдумот СДСМ доби шлаканица, а на парламентарните избори ќе доживее нокаут

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во телевизија Алфа во Отвореното студио ексклузивно откри дека секој месец опозицијата во Собранието ќе поднесува по едно законско решение кое треба да го подобри животниот стандард на граѓаните. Имено тој најави дека ваквото делување на опозицијата ќе започне со предлог Закон за покачување на пензиите за 10 проценти. За крај порача дека едно нешто е декларативното залагање на владата за решавање на проблемите на граѓаните, а друго е суштинското решавање на тие проблеми.

„На пратеници од нашата парламентарна група кои што се дел од коалицијата За подобра Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме до крајот на овој месец ќе поднесеме до крајот на овој месец предлог Закон во парламентот за покачување на пензиите од 10 проценти па да видиме дали е вистинска намерата и заложбата на владеачкото мнозинство да обезбеди поквалитетен живот за граѓаните во Република Македонија. Еве ќе почнеме од оваа мерка и така секој месец ќе поднесуваме по едно законско решение кое што навистина ќе додаде вредност односно ќе го зголеми квалитетот на живот на нашите сограѓани. Едно е вие вака декларативно со памфлети да мавтате и таканаречени политички одлуки, а друго е суштински и вистински да се занимавате со супстанцата на проблемот, а не само со обландата, вели Мицкоски.

Во интервју за Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски говореше за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ за промените кои се случуваат во самата партија и ова според него е нормална работа во политиката каде се менуваат луѓето и политиките.

„ВМРО-ДПМНЕ помина низ еден катарзичен период во кој се случија определени промени. Всушност во политиката тоа е нормален процес тоа е динаминчна работа, се менуваат луѓето се менуваат политиките но она што знам сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ не само што ќе порази СДСМ туку ќе го порази и жестотко. На референдумот СДСМ ја доби шлаканицата а нокатутот ќе го добие на следните предвремени или редовни парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Нема дилема, јас тоа го кажав и во оние тонски парчиња за националните телевизии и тоа им пренесов на соговорниците дека ВМРО-ДПМНЕ останува против, и тука нема никаква дилема, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прашањето кое се однесуваше за договорот од Преспа, во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа.

Мицкоски образложи дека не би било сериозно ние да ги менуваме ставовите од денес за утре.

„Постојат и такви политичари, коишто тоа го прават од денес за утре, но тие обично траат до следните избори. Но, народот односно граѓаните на Република Македонија тоа јасно ќе го препознаат на следните предвремени или редовни парламентарни избори. И сите оние политичари кои што деноноќно ги менуваат, дневно ги менуваат своите изјави ќе бидат пратени во историјата на темната страна.

Говореше за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ за промените кои се случуваат во самата партија и ова според него е нормална работа во политиката каде се менуваат луѓето и политиките.

„ВМРО-ДПМНЕ помина низ еден катарзичен период во кој се случија определени промени. Всушност во политиката тоа е нормален процес тоа е динаминчна работа, се менуваат луѓето се менуваат политиките но она што знам сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ не само што ќе порази СДСМ туку ќе го порази и жестотко. На референдумот СДСМ ја доби шлаканицата а нокатутот ќе го добие на следните предвремени или редовни парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Единствен кој што може да биде погоден во овој случај ќе биде државниот буџет и ја користам оваа прилика и во вашата емисија да кажам дека веднаш ВМРО-ДПМНЕ кое ќе победи на следните парламентарни избори ќе го врати повторно рамниот данок, односно ќе ја напушти оваа пракса која што сега ја воведува Владата на СДСМ и Зоран Заев, образложи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување на емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа.

„Што се однесува до граѓаните мора да кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ како народна партија и како чувар на 4-те свети букви ВМРО секогаш во минатото и така во иднината ќе биде партија која што во исклучителна мерка ќе ги штити интересите на граѓаните и во рамките на тоа ќе практикува такви политики“, додаде Мицкоски.