Норвешка ги запира новите дозволи за извоз на оружје за Саудиска Арабија

Норвешка објави во петокот дека го запира издавањето нови дозволи за извоз на оружје во Саудиска Арабијам, поради неодамнешните настани во оваа блискоиточна земја и поради ситуацијата во Јемен.

Портпаролот на норвешкото министерство за надворешни работи одби за медиумите да каже дали одлуката е делумно мотивирана од убиството на дисидентскиот новинар Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во турски Истанбул на 2-ри октомври.

„Решивме дека во денешната ситуација нема да издаваме нови дозволи за одбранбен материјал или повеќенаменски стоки во воени цели за Саудиска Арабија“, вели шефот на дипломатијата Ериксен Соерејде во посмената изјава.

Германија во октомври соопштио дека ќе го прекине извозот за оружје за Саудиска Арабија, се’ додека не бидат разјаснети околностите за егзекуцијата на новинарот Џамал Кашоги.

Изјавата од Норвешка дојде една седмица откако министерството за надворешни работи го повика саудискиот амбасадор во Осло поради протест за убиството на Кашоги во саудискиот конзулат.

„Одлуката (да се запре издавањето дозволи) е донесене по сеопфатната процена на настаните во Саудиска Арабија и нејасната ситуација во Јемен“, се додава во изјавата на норвешкиот министер.

 

Kоалицијата на сунитските арапски земји којашто ја води Ријад интервенира во јеменскиот конфликт од март 2015 година, за да го сопре напредувањето на бунтовниците во конфликтот во соседен Јемен од 2014 година на племенската заедници Хути (Хусити) и нивното шиитско движење „Ансар Алаа“, поддржани од Иран, и нивните сојузници војската лојална на поранешниот претседател Али Абдал Салех, од едната страна, и владините сили и милициите лојални на сегашниот претседател Абд Раба Мансур Хади.
Владините сили ја имаат копнената и воздушната поддршка на арапската сунитска коалиција предводена од Саудиска Арабија, којашто од минатата седмица групираше десетици илјадници војници во близина на јеменскиот град и главно пристаниште Худејдах, а локалните медиуми јавуваат за 10.000 само саудиски војници, кои подготвуваат офанзива.

Специјалниот претставник на ОН во Јемен, се обидува да ги спаси мировните преговори, кои беа прекинати во септември по масакрот во кој саудиската коалиција погоди автобус со деца кога имаше над четириесет жртви. Покрај тоа, преговорите беа прекинати откако Хутите не се појавија, обвинувајќи дека коалицијата предводена од Ријад го спречила патувањето на нивната делегација. Со ова се зголеми опасноста од повторен напад врз градот на брегот на Црвеното Море. Худејдах е главното јеменско пристаниште, како и извор на хуманитарна помош за многу Јеменци на кои им е неопходна.