Каква златна колумна си имав спремено, за згодни цицлести теткици кои му одолеваат на времето, на чиј изглед можат млади цицалчиња да позавидат со многу сликички…
Нејсе, живам каде живеам, време и простор каде сепак сексуалниот живот е на високо ниво – од сабајле до вечер те е*е кој стигне. Згора, за утеха, имаш пејбек тајм. Не ти се дига, шефот ти мрси, жена ти не зготвила, ќерката трудна, синот се дрогира, џандарот ти пишал казна, пајакот ти кренал колата, извршителот со дилдо во рака пред врата, а плата доцни кај и онака е порнхaб мала.
Нејсе, нејсе нејсе … На крајот од денот имаш фезјбук и твитер на сите да им вратиш со двојна мера, барем текстуално. Ако пак ти е страв од а-ла-тричко последици, имаш анонимни акаунти и изнапцуј им се до мила воља. И така, си спремив сликички, у бикини, тасмосани, стегнати елегантни и ете, Никола ја здува у „Маџарска“. „Ај трула граџа потонула лаџа….“
„3 дана медитерана“ – Р. Амадеус
3 дена треаше муабетот за галсањето во парламентот, 3 дена за загинатото девојче во Гостивар, 3 дена за референдумот, 3 дена за гласањето на пратениците, 3 дена е целата халабука која за било која тема ќе се крене по било кое прашање како граѓански бунт … и толку! Пардон, за фрлените јаболка во Ресен траеше само еден ден, 1-еден ден, … ТОЛКУ Е ОТПОРОТ ТРИ ДЕНА – 3.
Следниот понеделник Никола „ште б’де“ историска тема. Секако, највише пиздат шпарените на кои им беше обечано дека на Никола Шутка не му бега, исто како обечаваа дека и на Заев Шутка не му бега на времето. И помодрени ми се тeстисите од вашите политичко правни анализи кој бил крив кој требал да сноси одговорност и дека сево била местенка…МЕСТЕНКА!!??? СЕГА СЕ СВЕСТИВТЕ?!?!
-Емзиперикс, емзипреикс, јелемкеж, јелемкеж!
-Капчворк!
Дегутантно ми е да воопшто ги поврзувам настаните и најавите дека се’ ова што се случува ќе се случи и се случи. Пун к…уфер аналитичари изминаа кај мене во емисија и сите утнаа ко ќори – оти тераа партиска пропаганда, не реална анализа и некакво познавање. Згора, јас, абе срам ми е јас онака, меѓу два срка на кафе сево ова денес што се дешава го најавив и го има во моите емисии. Друг гол би се шетал за чалам оти погодил да си даде на значење. Јас стварно не гледам зошто би се фалел, и каква корист би имал и јас и било кој ако кажам – нели ви реков? И што ако си рекол? Што со факин тоа? За три дена треба да си објавам нова колумна како и зошто жените денес се се’ посекси на постари години…
Ај само неколку подсетувања и поенти кои онака, разгаѓен ко бившиот министер за култура пред компјутер си правам карамбол и ова се моите инстиктивни рекации
- Вака и Брат Љубе си ојде у пат в Кроација на времето захваљујучи на Батлер беше?
- Било местенка? А, што си мислевте? Не, стварно, што си мислевте?
- Бидете среќни додека се занимавате дали отишол со или без мерцедесот што не ни протнаа девалвација, но затоа ви учукаа, налепници, поскап јавен превоз, нови даноци, на бокс ве отворија 8 сантима за уставни промени, попис без националност, укинување пресудата за Бучковски … малку ви е?
Занете ли колку сезнајковци сум сретнал кои се’ знаат ама некако не им се појавува на тв и јавно да го кажат, сите коментираат отпосле. Ја па глуп, се’ си кажувам, не за друго, таков сум, наивен ама не и глуп и реагирам инстиктивно, пред секој без срам настапувам дека ама баш ништо не знам – и не се фолирам и така „купувам“, па потоа од сето тоа донесувам ИНСТИКТИВЕН ЗАКЛУЧОК, не стручен и поткрепен, едноставно „фром д гатс“. Жални се само патриотите, од една, и шарените, од друга страна, кои се на бусија и докажуваат дали ги заебал или бил пи*ка што уцвикал – а морони се сите они.
Еве ви еден хинт кој сега ми мрда у меџуножје, а кој ми го кажаа ден два после состанокот во Брисел после Пржино. На тој состанок помеѓу Заев и Грувески со комесарите и штотија знам кои на ЕУ, имало дерење урлање, наводно, кон Заев, да прифател и потпишел не знам што, а овој ќутел 40 минути пред да се согласи. Знаејќи ги лично табиетите на едниот и другиот нешто не и беше верно. Прво – што било толку страшно да некого замислиш да мора да прави анализа молкум 40 минути на состанок на кој му урлале на уво да прифати, а од друга страна, Заев да молчи 40 минути!?!?! Дечки, хвала на пажњи, ова чисто технички каде и кога е договорено. Второ, пиел не може да прелета ако безбедносни одлучат така, а и да одлучат ако Калето не благосиља – џабе е се’. Патрито, ете, Бејли ви учини на крај, испадна фер. Год блес Америка! И трето, како не работеле ко бавча со спинувани информации на кои им веруваа скоро сите, а голема игранка изиграа… и не е крај…
И така што ова е ден втори, уште утре, после одам за Ташмаруништа, па во понеделник, здравје, да ја стокмам колумната за секси милферици.
Поздрав до генерацијата која се сеќава на ова:
Автор: Јанко Илковски за НетПрес