Хашкиот трибунал нареди прислушување на Младиќ по јавување во белградска телевизија

Телефонскиот разговори на хашкиот осуденик за воени злостроства Ратко Младиќ ќе бидат прислушувани во текот на следнте месец дена, откако поранешниот командант на војската на босанските Срби, и покрај овластувањата на судот во Хаг, се вклучил во утринската програма на белградската приватна телевизија Хепи, објавија во петокот белградските медиуми.

По налогот на Механизмот за меѓународни кривични судови (MICT) во Хаг, објавена во петокот доцна попладнето, на управата во притворот во Шевенинген и’ наложено да ги пресла телефонските разговори на Ратко Младиќ изминатата седмица, вклучително и утронското вклучување во телевизиската програма. Покрја, слушањето на разговорите на Младиќ, побарано е да се составаи и писмени извадоци од тие разговори.

Младиќ, како што пренесуваат белградските медиуми, „директно учествувал“ во телевизиската програма така што „користејќи непревилигирана телефонска линија во протворот, му телефонирал на својот син, кој учествувал во емисијата“ и кој го повикал да зборува во таа емисија.

Секретарот на судот во Хаг предупредил дека Младиќ немал одобрување за тој разговор и дека „притвореникот со тоа ги прекршил правилата на притворот“.

Седумдесет и седумгодишниот Ратко Младиќ, поранешниот командант на војската на Република Српска, Хашкиот трибунал неправосилно го осуди на доживотен нарот, откако го прогласи виновен за геноцидот во Сребреница, прогото на Бошњаците и Хрватите во Босна и Херцеговиба, тероризирање на населението во Сараевао со гранатирања и снајперски оган, и земање заложница припадници на УНПРОФОР во текот на босанксата војна од 1992 до 1995 година.

Младиќ, по обвинението од 1995 година, од јуни 2011 година е во притворот во Шевенинген, откако Србија по 16 години бегство, го уапси и го предата на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна Југославија.