Блокирани патишта и масовни протести во Бугарија против зголемувањето на цените на горивата

Илјадници Бугари во неделата ги блокираа главните сообраќајници и граничните премини кон Турција и кон Грција, а во Софија поради неколку протести против зголемувањето на цените неколку часа беше блокиран сообраќајот во централното градско подрачје.

Зголемувањро на цените на горивата претставуваат уште еден удар на и онака нискиот животен стандард во најсиромашната земја членка на Европската унија. Демонстрантите на неколку часа го блокираа сообраќајот на разни делови од автопатите Тракија и Хемус, а потоа полицијата ги растера, извести државното радиот БНР, потсетувајќи на сличното движење во Франција и по истиот повод.

Демонстрантит, исто така, го блокираа автопатот Марица, кој води кон премините Капитан Андреево и Лесонов. Кога демонстрантите го пробиле кордонот, кој требало да ја оневозможи блокадата, избувнаа тензии. Блокиран е пристапот кон граничниот премин Кулата.

Повеќе од 2.000 припадници на бугарската полиција и жандармерија, вклучиетелно и 1.000 во главниот град, беа ангажирани за одржување на редот. Според прес-службата на Министерството за внатрешни работи „протестите се одржуваа без сериозни прекршувања на јавниот ред”.

Во неделата втор ден се одржани и протестни собири во големите градови, а предвидени се и за во понеделник. Во Софија повеќе десетици демонстранти го попречуваа сообраќајот на главните улици скандирајќи „Мафија“ и „Оставка“.

Во текот на викендот се протестираше против зголемувањето на цените на горивата и данокот на старите возила коешто започна пред три седмици. Демонстрантите предупредуваа и на нискиот животен стандард во Бугарија каде што куповната моќ е само на поливината од просечната куповна моќ во Европската унија.

Во Софија беше избегнат потежок инцидент кај парламентот, јавуваат медиумите, кога автомобил се залетал во масата демонстранти и откако прави неколку опасни вртења, се оддалечува. Според министерството за внатрешни работи, возачот набрзо бил приведен.