Иако СДСМ ветуваше подобри услови за студентите откако ќе дојдат на власт, актуелната влада веќе година и половина заборавија на студентите и нивните проблеми.
До редакцијата на Курир.мк е испратена видео снимка од студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, во строгото централно подрачје на главниот град, која е повеќе од загрижувачка.
„Студентите маки мачат со водата која прокиснува токму во мензата во која треба да јадат, па поради тоа услови во мензата речиси и да нема, а водата капе без престан.
Оваа ужасна слика е уште еден доказ дека власта не се грижи за студентите иако тоа им беше ветено во многу наврати„“ забележува порталот.
https://www.youtube.com/watch?v=XMC1wDSQ0VU