Над милијарда долари казна за француска банка за кршење на американските санкции

Една од најголемите француски банки Societe Generale ќе плати 1,34 милијарди долари поради кршењето на американските трговски санкции, во најголем дел кон Куба, објави во понеделникот американскиот адвокат Џефри Берман во Њујорк потврдувајќи дека е постигнат договор со банката.

Како што рече Бергман, станува збор за втората казна според величината којашто некогаш и’ е изречена на некоја финансиска институција поради кршењето на американските економски санкции.

Најголемиот дел од казната, од 717,2 милиони долари ќе бидат испалтени на обвинителството на САД за Јужниот округ на Њујорк. Одделот на Министерството за финансии за контрола на странските активи (OFAC) ќе добие 53,9 милиони долари, Федерелниот резервен систем (FRD) ќе добие 81,3 милиони долари, Државниот оддел за финасиски услуги на државата Њујорк (DFS) ќе добие 325 милиони долари, а окружниот обвинител на Њујорк – 162,8 милиони долари.

Во рамки на спогодбата обвинителите ги одложиле кривичните обвиненија коишто се однесуваат, меѓу другото, и на планирање кршење на американскиот закон за тргување со непријател. Обвиненијата ќе бидат повлечени по три години.

Американските власти наведуваат дека споменатата банка во периодот меѓу 2004 и 2010 година го олеснила протокот на 13 милијарди долари преку кубански фирми. Банката изрази жалење поради „пропустите наведени во овој случај“.

Од Societe Generale соопштија дека постигнале одвоен договор со уредот за финансиски услуги на американската сојузна држава Њујорк, од 95 милиони долар, коишто треба да ги плати поради пропусти против перењето пари. Банката, исто така, наведува дека сите средства за двете казни се предвидени во трошоците за сппорови и дека казните нема да влијаат врз конечните деловни резултатио на банката за 2018 година.

Речиси сите кршења на санкциите се однесуваат на Куба и во помала мерка се однесуваат на други земји кои се под американски економски санкции, како што е Иран. Берман изјави дека банката соработувала и ветила дека ќе ги унапреди контролите за такво нешто да не се повтори.