Словенија е прва членка на НАТО чија армија ќе ја предводи жена

Словенија стана прва членка на НАТО која постави жена на чело на својата армија. Аленка Ерменс има чин генерал мајор и на новата функција ќе биде од денеска.

Педесет и петгодишната Ерменц ја почнала кариерата во војската во 1991 година, токму кога Словенија прогласи независност, како увертира во распадот на Југославија. Претседателот Борут Пахор изјави дека се надева дека Ерменц ќе ги унапреди квалитетите на словенечката армија.

Глобалниот тренд на влошување на безбедносната ситуација продолжува и иако Словенија моментално не е од никого воено загрозена, ние мора под итно да ја зацврстиме нашата безбедност, се вели во соопштението објавено од кабинетот на Пахор.

Во почетокот на оваа година, бригада на словенечката војска падна на тест за борбена готовност, организиран од НАТО. Тоа беше една од причините за смена на досегашниот началник Алан Гадер.