Им избегал на полицајци со автомобилот, па нападнал еден од нив

Триесет и тригодишник доби кривична пријава откако полицијата го расчисти настанот од минатата седмица, кога овој жител на кочанското село Кучичино прво се оглушил на сигналите на сообраќајната полиција да го запре својот атомобил, а потоа откако запрел физички нападнал еден од полициските службеници.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани соопшти во средата дека поднела кривична пријава против И.С.(33) од село Кучичино, за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста„.

Настанот се одиграч на 17-ти ноември во 00,45 часот во Кочани на улица „Никола Карев“ кога од страна на полициски службеници при вршење на сообраќајна контрола и даден знак за запирање на возило „пежо“, управувано од пријавениот, овој продолжил да се движи и откако застанал физички го нападнал полицискиот службеник.