Путин за санкциите, нуклеарниот договор и Сирија на самитот на БРИКС во Аргентина

Темите за меѓународните санкции, ситуацијата во Сирија и повлекувањето на САД од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) ги отвори во петокот рускиот претседаетл Владимир Путин на состанокот на шефовите на земјите членки на организацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, најброзарастечките економии во светот), кој се одржа на маргините од самитот на групата Г20 во аргентинската престолнина Буенос Аирес.

Рускиот челник ја критикувал практиката на еднострано воведува санкции против некои земји, бидејќи тие, како што оценил, негативно влијаат врз меѓународната соработка.

„Невозможно е да не се забележи дека нелојалната конкуренција се’ повеќе го заменува чесниот и рамноправен меѓувладин дијалог. Се шири лошата практика за наметнување нелегални унилатерални санкции, протекционистички мерки за заобиколување на Повелбата на Обединетите нации, правилата на Светската трговска организација и другите општо прифатени правни норми“, рекол Путин.

Сето тоа, додал рускиот претседател, „доведува до уривање на деловните врски, губење на довербата меѓу учесниците во економските односи, со што се кине самата структура на светската економија“.

Притоа Путин ги повикал земјите од БРИКС да влијаат врз создавњето правичен систам на меѓународните односи и колективно да ги решаваат горливите проблеми со коишто се соочува светската заедница.

Говорејќи за ситуацијата во Сирија, Путин истакнал дека целта на Русија е што поскоро формирање на Уставотворната комисија за Сирија за чиешто седиште е одредена од претходно швајцарска Женава.

„За долгорочно стабичлизирање на ситуацијата во Сирија, важно е да се промовира реален процес на политичкото решение. За таа цел Русја тесно соработува со партнерите во рамките на форматот од Астана, со Иран и со Турција“, рекол Путин.

Рускиот челник, исто така, дека меѓу приоритетите кои треба да се решат во оваа блискоисточна земја, е обновувањето на разорената сириска економија и инфраструктурата, како и создавање услови за враќање на раселените и бегалците. Путин притоа ги повикал партнерите од БРИКС да се приклучат на програмите за хуманитатна помош.

Исто така, рускиот претседател предупредил дека не смее да се флертува со терористите и тие да бидат користени за постигнување разни геополитички цели. Путин нагласил дека во однос на овие милитантни групации недозволива примената на „двојните страндари и секаквите компромиси“.

Путин, исто така, зборувајќи за трговските војни, повикал на решавањето на трговските спорови во рамките на Светската трговска организација (СТО – WTO), преку дијалог на сите инволвирани страни. Москва, според неговото уверување, ќе вложи максимални напори за стабилизиране на оваа организација и нејзното натамошно развивање.

Путин, исто така, истакнал дека членките на БРИКС ги имаат сите причини да браат да го зголемат своето влијание во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според него, значаен придонес за обезбедување финансиска стабилнбоста има Новата банка за развој на БРИКС, која веќе финасира 26 проекти во земјите на организацијата во износ од 6,5 милијарди долари.

САД со истапувањето од договорот INF создаваат ризик од започнување нова трка во вооружување, рекол рускиот претседател додавајќи дека Москва е вознемирена од ситуацијата во сферата на неширењето нуклеарно оружје и разоружувањето.

„Можното дефинитивно откажување на САД од обврските од споменатиот договор, двосмисленоста во позицијата за пробпелот со Договорот за стратешко напаѓачко оружје создаваат ризици од неконтролирана трка во вооружување“, предупредил Путин.

Истакнал дека Русија поаѓа од фактот дека земјите од БРИКС на оваа тема со единствена усогласена позиција, којашто ќе ги мобилизира напорите на светската заедница во полза на меѓународната безбедност и стабилност.