![Еди](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/Edi.jpg?resize=384%2C480&ssl=1)
Американскиот актер Еди Марфи и неговата вереница Пејџ Бачер добија син, соопшти синоќа портпаролот на познатиот комичар.
Како што јавија американските медиуми, новородениот син инаку е десетто дете на 57-годишниот Марфи, од кои второ со Бачер.
Најстариот син на Марфи, Ерик има 29 години.
Портпаролот на актерот информира и дека по породувањето, Бачер и бебето се добро.