Хенес со критики кон Јувентус: Толку пари за ветеранот Роналдо?

Првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес, го критикуваше потегот на Јувентус за трансферот на Кристијано Роналдо, вреден 112 милиони евра и рече дека премногу „тежи“ 33 годишниот фудбалер.

Хенес вели дека баварскиот клуб никогаш нема да потроши толку многу пари за ветеран и дека би го разбрал овој потег доколку Португалецот би бил десетина години помлад.

Роналдо има 33 години, тој е ветеран … Би не чинел најмалку 100 милиони евра, тоа е работа што никогаш нема да ја направиме. Доколку имаше 24 години, тогаш трансферот ќе го направевме со врзани очи, изјави Хенес за „Билд“.

Јувентус со ангажманот на Роналдо постави рекорд во италијанскиот фудбал, додека пак Баерн беше прилично неактивен во летниот трансфер период, па затоа Хенес е критикуван од навивачите на бундеслигашот.