![gorcev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/gorcev.jpg?resize=640%2C315&ssl=1)
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил објави видео од делот за името од ТВ дуелот во емисијата „Само вистина“ во која тој го запраша Хари Локвенец како е можно да му пречи акцентирањето на неговото презиме, а не му пречи што менува име на државата.
„Господине Локвенец, Вие се буните за АКЦЕНТОТ на Вашето презиме, а НЕ Ви пречи што менувате ИМЕ на државата? Прекрстувате ДРЖАВА со 2 милиони граѓани и око НЕ ви трепнува? Референдумот пропадна, народот го сака уставното име Република Македонија“.