Папата Франциск: Негативни политички говори за мигрантите се неприфатливи

Политичките говори во кои се изнесуваат негативни ставови за мигрантите и сиромашните се неприфатливи, изјавил денеска папата Франциск.

Во традиционалната порака за мир, папата ги набројал добрите и лошите страни на политиката, издвојувајќи го национализмот како закана за мирот затоа што ја задушува вербата во глобализираниот свет.

Според него, друга закана по мирот е пролиферацијата на оружјето и тероризмот над невините и ранливите, кои под принуда ги напуштаат домовите за да ги сочуваат животите.

Политичките обраќања кои имаат за цел секое зло да го стават на товар на мигрантите и сиромашните се неприфатливи. Наместо тоа, потребно е мирот да се заснова на почитување на секоја личност, изјавил папата Франциск.