Австријската полиција соопшти дека ги привела очевидецот и ранетото момче од петочната престрелка во ресторан во Виена, кога едно лице загина.
Сведокот, 29-годишен маж, кој во ресторанот престојувал заедно со ранетиот и убиениот, е осомничен поради дадените противречни искази. Приведено е и 23-годишното момче, кое беше рането.
И тројцата се со потекло од земја од Западен Балкан и се поврзуваат со организиран криминал, додадоа од полицијата. Најверојатно, престрелката се случила како последица на конфликт заради нерасчистени односи од трговија на дрога.