Штрајк во психијатриската болница во Демир Хисар

Двесетина вработени во психијатриската болница во Демир Хисар, денеска стапија во штрајк, објави тв21.

Причините за штрајкот е поради непродолжување на договорите на дело на овие вработени, кои истекуваат на 31 декември.

„Нашиот протест е во име на цел колегиум. Ова дело го водиме од 1 април. Нема никој слух за нас и нашите барања. Бараме решавање на нашиот статус. Ние 30 лица сме вработени со договор на дело, без придонеси и без ништо, а работиме во установа која се занимава со пациенти со психички проблеми. Јавно се обративме и до Премиерот и до Владата, но никој нема слух за нас. Бараме нови договори, но со поинакви услови од сегашните“, велат од штрајкувачите.

Доколку не се реши нивниот статус и денеска, тие најавуваат дека ќе продолжат со штрајкот и утре.

фото: tv21.mk