Кој се’ досега побара амнестија?

Триесет и осуммина обвинети или веќе осудени лица во предметите поврзани со собраниските настани на 27-ми април се повикаа на Законот за амнестија и поднесоа барање до Кривичниот суд.

Рокот за поднесување барање за амнестија истекува утре, а дел од обвинетите во најголемиот предмет поврзан со 27-ми април каде се вкупно 33 обвинети се уште размислуваат дали ќе побараат од надлежните институции да бидат амнестирани.

Досега во јавноста е познато дека за сигурно амнестија побараа пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов потоа Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо, Оливер Радулов, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Иван Цветановски.

Барања за амнестија се очекуваат и од останатите двајца пратеници кои се обвинети за 27-ми април, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски.

Додека обвинетите Јане Ченто и Игор Југ се изјаснија дека нема да побараат    амнестија. Откако утре ќе истече рокот за поднесувања барања, Судот и јавното обвинителство имаат рок од пет да ги разгледаат и да одлучат по нив.

Законот за амнестија предвидува дека сите обвинети за собраниските настани од 27-ми април може да побараат амнестија, но одобрени ќе бидат барањата само на оние за кои нема докази дека биле вклучени во организацијата на упадот или дека извршиле насилството.