Скопјанец исчезнат во Мичурин

Шеесет и осумгодишниот Димче од Скопје исчезна во скопската населба Мичурин. Последен пат е виден во петокот наутро, на 2 мај.

Забележано е дека носел светли, бели или беж боја панталони. Висок е околу 175 см, со подгрбавена става, тежок е околу 80 кг, има темнокафени очи и е проќелав со побелена коса.

Лицето е под терапија, која ја нема примено од петокот наутро. Исто така, излезен е од домот без документи. Семејството моли секој што има каква било информација да се јави на 077 642 780 или да се обрати до најблиската полициска станица.