Папата Франциск: Ако сте лицемерни не одете во црква, туку бидете атеисти

Папата Франциск денеска ги искритикува лицемерите во Католичката црква, пренесоа светските агенции.

Колку често го гледаме срамното однесување на оние луѓе кои одат во црква и се таму секојдневно, но водат живот во кој ги мразат останатите или озборуваат други луѓе, рече тој за време на аудиенцијата во Ватикан.

Подобро не одете во црква: Живејте како атеисти, апелираше папата кон оние верници кои не се искрени во верата.

За време на аудиенцијата папата беше домаќин на Кубанскиот национален циркус, а се обиде и да танцува со уметниците и да „врти“ фудбалска топка на показалецот.