![Odri](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/Odri.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Италијанската филмска компанија Вајлдсајд/Wildside најави драмска биографска серија за холивудската актерка Одри Хепберн. Снимањето ќе почне во 2020 година, а сценариото се заснова на книгата „Одри, мојата мајка“, објавена пред три години од нејзиниот син, исто така актер, Лук Доти.
Во книгата таа е прикажана во вистинско светло, поинакво од она како ја знаеме од големиот екран. Италијанскиот новинар и писател Луиџи Спинол е најмен за да ја адаптира приказната во филмско сценарио. Серијата ќе се фокусира на првите години на актерката во филмската индустрија – од детството во Европа до Холивуд.
Хепберн е позната по своите улоги во педесеттите години од 20. век, во филмовите „Римски празници“, „Сабрина“, „Појадок кај Тифани“ и оскаровскиот мјузикл „Мојата убава дама“, како и по нејзината добротворна работа. Таа почина од рак на слепо црево во јануари 1993 година во Швајцарија.