Поради напад врз полицајци во прифатен центар за странци во Хрватска, судот им одредил истражен затвор на шест албански државјани, пренесува во понеделникота агенцијата Hina.
Жупанискиот суд наведува дека станува збор за албанските државјани Александер Ндрејај, Ервин Љешај, Оливер Триепиши, Лели Шкрета, Гилај Ѓерѓи и Антониот Лешјани, кои се ставени во истражен притвор поради опасност од бегство
Нападо се случил во центарот за прифаќање на странци во Обедишч Јежевско минатата среда околу 8 часот утрото, кога Ндрејај во текот на утринската визита на персоналот и будењето на лицата во прифатилиштето прво пцуел а потоа и физички ги нападнал полицајците од обезбедувањето. Во нападот му се придружил и Љешај, и двајцата со раце и со нозе гу удирале полицајците, се додава во соопштението на судот.
Откако се оглушиле на наредбите да престанат со насилствпото, полицајците го совладале отпорот и ги сместиле напаѓачите во посебна просторија. Половина час подоцна, во текот на послужувањето на појадокот, следел нов напад врз полицајците во кој учествувале другите четворица притворени. Тие нападнале двајца полицајци,а биле совладани откако интервенирале уште неколку полицајци. Во текот на наподот тројца полицајци се полесно повредени.