Американската научна лабораторија Cold Spring Harbor (CSHL), му ги одзема почесните титула на нобеловецот Џејмс Вотстон кој ја откри структурата на ДНК, обвинувајќи го дека во новиот документарен филм емитуван на почетоко0т од јануари „не се откажал од своите расистички ставови“.
Сега деведесетгодишниот Џемјс Вотсон се смета за еден од основоположниците на современата биологија и генетика . Тој во 1953 година заедно со Френсис Крик и Морис Вилкинс, ја откри молекуларната структура на ДНК за што во 1962 година ја добија Нобеловата награда за физиологија и медицина. Вотсон
во документарниот филм на телевизиската компанија PBS емитуван на почетокот од годинава рекол дека гените се одговорни за разликата во интелигенцијата меѓу белците и црниците.
Лабораторијата CSHL, којашто Вотсон ја водеше во периодот од 1968 до 1993 година, го нарече неговиот коментар „срамотен“. Лабораторијата соопшти дека „недвосмислено ги отфрла неоснованите и безобѕирни лични ставови на др Џејмс Ди Вотсон“., Додава дека неговите изјави се „за секоја осуда и дека немаат врска со науката“. „Лабораторијата ја осудува злоупотребата на науката за да се оправдаат предрасудите“, се истакнува во соопштението на CSHL.
Вотсон во 2007 година во интервјуто за британскиот весник The Sunday Times рече дека „би бил длабоко загрижен за иднината на Африка“, бидејќи „сите наши социјални политики се темелат на фактот дека нивната интелигенција е како и нашата, додека истражувањата го покажуваат спротивното“. Славниот молекуларен биолог додаде дека иако се надевал оти сите луѓе се еднакви, „луѓето кои вработуваат црнци утврдиле дека тоа не е вистин“.
Поради овие изјави лабораторијата CSHL го лиши од сите административни должности, но сѐ досега ги задржа почесните титули.
И додека Вотсон се извини за изјавите од 2007-та, во документарниот филм под наслов „Американски великани: декодирањето на Вотсон“ емитуван на 2-ри јануари, рекол дека не ги променил своите ставови. Според неговите критичари, „тоа е последната од низата расистички и ксенофобни изјави кои ја одбележаа кариерата на Вотсон“.
Имено, во 1997 година британскиот The Sunday Telegraph ја пренесе неговата изјава дека на жените би требало да им биде дозволено да абортираат без обѕир на причината, вклучително и доколку фетусот носи ген за хомосексуалноста.
На предавање во 2000 година, Вотсон алудираше дека постои врска меѓу телесната тежина и амбициозноста на луѓето, како и меѓу бојата на кожата и сексуалните умешности. Затоа латиноамериканцитe се добри љубовни… Никогаш не сте слушнале за англиски љубовник. Само за ‘Англиски пациент’“, рекол Ватсон кого тогаш го цитираше агенцијата The Associated Press, повикувајќи се на лица кои присуствувале на предавањето.
Во британски документарен филм од 2003 година, Вотсон, пак, сугерирал дека глупоста е генетска билест којашто треба да се лекува, наведува телевизијата CNN.