Холандски скијач однесен од лавина во Франција

Холанѓанец бил однесен од лавината во понеделникот попладнето додека скијал вон патека во скијачкиот центар Валморел во покраината Савоја на истокот од Франција, соопшти тамошната спасувачка служба.

Педесетгодишник скијал со 22-годишниот син, кога биле зафатени од лавина. Синот успеал да го извлече онесвестениот татко од наносот од снег и да повика помош. Триесетина лица учествувале во помошта на настраданите. Холанѓанецот е префрлен со хеликоптер во болница, но не преживеал.

Во овој дел на француските Алпи до средата на сила е висок степен на опасност од лавини, предупреди националната метеоролошка служба Meteo France.