3.8 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Со двојазичноста и промената на името Заев врши атентат врз Македонија, а европската агенда ја нема

Со спроведувањето на двојазичноста и промената на името на државата, Зоран Заев врши обид за атентат врз Република Македонија, истакна меѓу другото претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  во своето вечерашно гостување во емисиајта „Отворено студио“ на телевизија Алфа и посочи дека отсуствува каков и да е напредок во европската агенда, немаме ниту владеење на правото, ниту правна држава

Оценувајќи дека е целосно противправното објавувањето на Законот за јазиците во Службениот весник, Мицкоски посочи дека тоа е дел од сценарио коешто одамна било замислено, а спроведено етапно за да не се подгреваат страстите со цел најпрво да се заврши со промената на името на државата.

„Во атентатот врз државата главниот играч е Зоран Заев кој, веќе две години кумува на овој процес. Вчера започна, а денеска беше егзекутиран атентатот врз Република Македонија. Она кое што го осмисли претходно, за време на зимските и пролетните месеци минатата година, го операционализираше и конечно во една против процедурална и против законска и против уставна процедура на насилен начин го завршија во рамките на Собранието, Зоран Заев, Талат Џафери и останатите ликови кои што му кумуваа на овој процес во рамките на Собранието. По одреден период тие тактизираа го чекаа овој момент, бидејќи ајде си велеа да не создаваме сега алиби за овие уценети пратеници да завршат еден друг процес, да не ги вознемируваме страстите помеѓу нив па да не се појави некое чувство на колебање помеѓу нив. Па ајде откако заврши она што заврши во петокот, ајде сега на ваков брутален насилнички начин да го дозавршиме атентатот врз Република Македонија, вели Мицкоски.

Мицкоски во продолжение посочи дека со сиот свој човечки интегритет, но и со честа и честитоста на сите соработници кои што се околу мене и сето она кое што во периодот кој што следува што го работиме и ќе го понудиме на како програма на граѓаните, а се однесува на судството, обвинителството генерално во судскиот систем ќе гарантира независност, непристрасност и одлучување исклучиво по словото на правото и правдината, ништо повеќе.

И навистина тоа ќе го направиме затоа што ако вие денеска го погледнете јавното мислење во Република Македонија ќе видите дека граѓаните чувствуваат апсолутна несигурност и партизација во судството и обвинителството како што досега не била запаматена во Република Македонија. И тоа благодарение на Зоран Заев и оваа влада. Со ова не сакам да ги амнестирам сите претходни влади, но тоа што на отворена сцена оваа влада и Зоран Заев го правеа изминатите нецели две години со сето она влијание, претскажување на предмети, на обвиненија, на судски пресуди, со сите оние прислушкувани материјали јавниот обвинител откри скандал каде што речиси две години биле прислушувани судиите и обвинителите и никому ништо. Поминаа неколку месеци од тоа и никому ништо и не знаеде дали има елементарна истрага кој ја инсталирал таа апаратура. Кој дал налог да се вклучи таа апаратура и каде завршиле сниманите материјали?, запраша Мицкоски.

Мицкоски образложи дека на најбезобразен начин, на најбезкропулозен начин се менуваа закони, за да можат да се обезбедат доволен број на пратеници кои што понатаму би му дале поддршка на Зоран Заев во оној процес на уставните измени. Затоа велам денеска имаме заробена држава, имаме партизирано судство кое што никогаш во минатото не било во Република Македонија.