Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни македонскиот тим Вардар со 15.000 евра поради транспарентот „Талант Петух“, кој беше истакнат на натпреварот против Киелце во Лигата на шампионите во СЦ „Јане Сандански“, кој се играше пред месец дена.
Навредата е упатена кон тренерот на полскиот тим, Талант Душебаев, а во текот на целиот меч беше во кадарот на ТВ камерите. Самиот Душебаев реагираше на прес-конференцијата поради транспарентот.
Дисциплинската комисија при ЕХФ во своето објаснување посочи дека содржината на транспарентот ги крши принципите кои ги сочинуваат основните вредности на спортот“, како и дека Вардар го „толерирал навредливото и хомофобичното однесување во текот на натпреварот“.
Вардар има рок од седум дена да се жали на одлуката на ЕХФ.