
Овој петок ќе имаме нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег.
На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, а во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд.
Прогнозирано е да наврнат над 40 литри на метар квадратен дожд, а на местата каде што се очекува снег, ќе се формира нова снежна покривка.
Утринските и дневните температури ќе се движат околу и над нула степени Целзиусови.